Босна и Херцеговина: Во пензија на 70 години!
Во новата стратегијата на Министерството за труд и социјална политика на Федерацијата БиХ е предвидено зголемување на старосната граница за заминување во пензија од 65 на 70 години, најави министерот Вјекослав Чамбер.
„Како држава мораме да пропагираме што е можно подолго да работиме и што е можно подоцна да се пензионираме, бидејќи дојдовме во ситуација во која во БиХ е речиси изедначен бројот на осигурениците и пензионерите“, истакна Чамбер образложувајќи ја предлог-стратегијата за реформи на пензискиот систем.
Тој најави и дека еден од првите чекори ќе биде целосно укинување на предвременото пензионирање.
Слично
