Босна и Херцеговина го врати новиот воз во Хрватска, им бил прескап!
Од железницата на Босна и Херцеговина одлучија да му ја вратат на Кончар штотуку купениот електричен воз, бидејќи како што велат, немаале пари за да го отплатат долгот од 10 милиони конвертибилни марки за набавка на овој воз.
„Ние одлучивме дека долгот кој го направивме за купување на возот кој чини 10 милиони марки , решивме да го подмириме со враќање на возот кај производителот Кончар, бидејќи во ресорното министерство е проценето дека ниту Железници, ниту пак владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина, нема пари за да го плати, додека истовремено каматите за долгот растат", изјави министерот Енвер Биједиќ за Танјуг.
Тој додаде и дека доведена е во прашање и оправданоста од набавка на новиот воз во железничкиот систем на Федерацијата.
Слично
