Економија, финансии, бизнис

Контакт

Босна и Херцеговина лидер според невработеност во Европа

Босна и Херцеговина лидер според невработеност во Европа
За само една година бројката на невработени лица во Босна и Херцеговина пораснал за 11 илјади лица, јавуваат локалните медиуми. Весникот „Дневни Абаз“ пишува дека Босна и Херцеговина е прва според невработеноста во Европа.
Вкупниот број невработени во Босна и Херцеговина во мај е  547.300 или за два отсто повеќе отколку истиот период лани. Според овие податоци, стапката на невработеност во БиХ изнесува 44,5 отсто. Весникот пишува дека последната година над 10 илјади жители ја загубиле работата и тоа главно во приватниот сектор. Работници најчесто се отпуштале од секторите како градежништво, рударство и преработувачката индустрија.
Слично

Поврзани вести