БОСНА ГИ ДОБИ ПРВИТЕ ВАКЦИНИ ПРЕКУ КОВАКС: 24.300 дози од Фајзер пристигнаа на аеродромот во Сараево
Вакцините од
компанијата „Фајзер“ преку програмата Ковакс пристигнаа денеска претпладнево на
меѓународниот аеродром во Сараево.
Ова е прва испорака преку Ковакс за БиХ, а добиени се 24.300 дози вакцини од Фајзер/Бионтек. Нарачани се вкупно 1,2 милиони дози, додека 892 000 дози вакцини се нарачани од Европската Унија.
Истото го потврди и амбасадорот на ЕУ во БиХ, Јохан Сатлер, кој рече дека вакцините ќе пристигнат на почетокот на април. Вечерва се очекува да пристигнат во Сараево и вакцините од AstraZeneca, исто така порачани преку Ковакс механизмот. Станува збор за 26.400 дози, што значи дека вкупно 49.800 вакцини ќе пристигнат денес во БиХ.
Pfizer vakcine (Foto: T. S./Klix.ba)
Слично
