Босна е втора во светот според бројот на починати од коронавирус
БиХ e втора во светот според бројот на починати од коронавирус на милион жители.
Во БиХ досега се регистрирани 9.150 смртни случаи од Ковид-19. Босна и Херцеговина е втора во светот според бројот на смртни случаи од коронавирус на милион жители, покажуваат податоците на „Ворлдометар”. Од февруари лани до денеска, во БиХ се регистрирани вкупно 203.391 заразени со коронавирусот. Стапката на смртност во однос на бројот на заразени лица во БиХ е највисока во Република Српска. Од 63.774 регистрирани случаи во Република Српска, починале 3.558 луѓе, а во Федерацијата БиХ 5.201 од 121.438 потврдени случаи на заразени со коронавирусот. Во Брчко починале 315 лица од 5.748 заразени. Само Унгарија е пред БиХ. foto freepik
Слично
