Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бошков: Дел од работодавачите бараат начин да го изиграат К-15

Бошков: Дел од работодавачите бараат начин да го изиграат К-15
Работодавачите треба да одлучат сами дали ќе ги мотивираат вработените со К-15 и колкав ќе биде тој износ, а не Владата, смета претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија Миле Бошков. Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, Бошков истакнува дека во одредени случаи одредениот износ на К-15 е поголем од минималната плата во земјата и има работодавачи што не можат да си го дозволат. „Има компании кои може да си дозволат и да исплатат и 13 и 14 плата и бонус и награда, меѓутоа што ќе прават оние што не можат да го направат тоа, а што имаат законска обврска. И ние, на крајот не сакам да звучам контрадикторно, ги охрабруваме компаниите да платат регрес, дури и на рати да го направат тоа, отколку да не го почитуваат законот и своите вработени, меѓутоа реагираме негативно затоа што тоа треба се прави на начин на кој сам ќе одлучи работодавачот за начинот на кој тој ќе го мотивира и награди работникот“, вели Бошков. Тој нагласува дека на овој начин работодавачите се повторно доведени во ситуација да бараат начини да ги изиграат вработените и да го заобиколат законот. Бошков признава дека ниската минимална плата во Македонија е всушност „меч со две острици“ - од една страна е добра за привлекување на странски инвеститори, но од друга, ја дестимулира и ја брка работната сила од земјава. „Среќа што Бугарија минималната плата ја договори над 215 евра, нашата е скоро 140 евра, така што од економска гледна точка за привлекување странски инвеститори сè уште сме најевтини. Од гледна точка на стандардот во општеството, сепак имаме најниска минимална плата, пониска и од Србија. Иако претставувам дел од бизнис заедницата, сепак ова мора да биде порака дека што подолго време ја одржуваме минималната плата на ова ниско ниво, сè повеќе и повеќе ќе се соочуваме со фактот дека нашите работници сè повеќе и повеќе ќе размислуваат да ги напуштат нашите работни места во Македонија и за истиот труд да имаат многу поголема плата на друго место“, вели Бошковза Радио Слободна Европа. Според него, работодавачите во Македонија генерално ја почитуваат трудовата легислатива, но во одредени области мора уште да учат, пред се во однос на безбедност и здравје при работа, во однос на породилното отсуство, во однос на начинот на вработување и објавата за вработување.
Слично

Поврзани вести