Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бошкоски подготвен за избори – со кого ќе коалицираат засега не се знае

Бошкоски подготвен за избори – со кого ќе коалицираат засега не се знае

Подготвен сум за избори, но моите ставови ќе ги соопштам по одржувањето на централното собрание на партијата, по што ќе одлучиме со кого Обединети за Македонија ќе коалицираат, изјави денеска лидерот на Обединети за Македонија,  Љубе Бошкоски по денешното рочиште за случајот „Ровер".

Во „Ровер“ обвинет е и Љубе Бошкоски, како поранешен министр за внатрешни работи. Тој се товари за помагање убиство, односно дека му одобрил на сега починатиот Орце Коруновски да го лиши од живот Марјан Тушевски, притоа давајќи му ветување дека никогаш нема да поведе истрага против него.

За овој предмет ќе се суди по трет пат, бидејќи Апелациониот суд во два наврати ја укина првостепената пресуда.

Бошкоски кажа дека како и при минатите судења, очекува ослободителна пресуда.

Денешното рочиште за „Ровер“ беше одложено поради отсуство на дел од обвинетите, а наредното рочиште е закажано за 23 ноември.

Слично

Поврзани вести