Бошкоски останува во Идризово, „Ровер“ одложен за 9 мај
Судското рочиште за „Ровер“ е повторно одложено за 9 мај.
Дотогаш Љубе Бошкоски најверојатно останува во Идиризово, со оглед на решеноста и како што вели „под ничиј притисок“ на директорот Живко Пејковски да не потпишува за негово излегување од затворот, пишува А1он.
Пејковски неодамна беше аболициран и од претседателот Ѓорге Иванов. Бошкоски уште во март можеше да излезе од затворот, но тоа не се случува поради Живко Пејковски, кој се правдаше со процесот „Ровер“.
Случајот „Ровер“ на два пати беше враќан од Апелационот суд на повтрно судење.
Слично
