Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бошкоски наскоро на слобода, судењето за Ровер никако да почне!

Бошкоски наскоро на слобода, судењето за Ровер никако да почне!

Никако да почне судењето на екс министерот Љубе Бошкоски за случајот „Ровер“.

На 22 април судското рочиште за „Ровер“ беше одложено за 9 мај (денеска) , но поради болест на обвиниетиот Зоран Трајковски, и денешното судење се одложи.

Првиот човек на Обединети за Македонија, Бошковски има уште дваесеттина дена до излегувањето од затворот во Идризово каде ја издржува казната од пет години затвор за случајот „Поткуп“ во кој тој беше осуден за наводно примање мито во екот на последните парламентарни избори.

Следното рочиште за „Ровер“ е закажано за 20 мај.

Бошковски беше уапсен ден по изборите, на 6 јуни пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, под сомнение дека незаконски ја финансирал изборната кампања. Судскиот процес за случајот „Кампања“ траеше 2 месеца, а СЈО отвори предмет „Тортура“ за нечовечно апсење на Бошкоски.  
Слично

Поврзани вести