Бошкоски може да биде ослободен од затвор, тврди судијата од „Ровер“
Основниот суд Скопје 1 го извести затворот Идризово, дека се исполнети сите услови лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски да биде пуштен на слобода три месеци пред истекот на казната затвор за случајот „Кампања“.
Согласно пресудата казната затвор од 5 години на Бошкоски за незаконско финансирање на изборна кампања му завршува на 6 јуни, а според Законот за извршување на санкциите директорот на установата може да го пушти на слобода три месеци порано.
Директорот Живко Пејковски вели дека терминот од три месеци не е фиксен, и дека не може да го ослободи Бошкоски порано затоа што во тек е процес за случајот „Ровер“.
Бошковски беше уапсен ден по изборите, на 6 јуни пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, под сомнение дека незаконски ја финансирал изборната кампања.
Судскиот процес за случајот „Кампања“ траеше 2 месеца, а СЈО отвори предмет „Тортура“ за нечовечно апсење на Бошкоски.
Во Кривичниот суд денеска се одложи третото повторено судење за случајот „Ровер“, во кој е обвинет и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.
