Бошкоски:Мора да сме сплотени и да ја донесеме Македонија на правиот пат
Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, преку писмо се заблагодари на илјадниците честитки упатени до него.
Не сум се откажал и нема да се откажам од борбата за слободна Македонија, вели тој.
Вели дека со семејството е во неговото родно село Челопек и по долгите години самување сака да го помине времето со најблиските.
„Ова се големи денови за мене, по толку робување поради правосудните неправди што ми беа нанесени. Сè уште се привикнувам на слободата и во овие денови приоритет ми е моето семејство, мојата ќерка, синовите и сопругата, кои се бореа за мене во годините на долгото заточеништво предизвикано од туѓата нечиста совест. Сега тука сум да се обидам да им надоместам барем еден мал дел од пропуштеното и ве молам од длабочината на моето срце да ме разберете. Семејството е најсветото нешто на светот на секој човек“- пишува Бошкоски во писмото.
Доаѓаат тешки денови, денови кога мора сите заедно да сме сплотени и да ја донесеме Македонија на правиот пат, додава Бошкоски.
