Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОСФОР ЗАТВОРЕН: Се насука товарен брод

БОСФОР ЗАТВОРЕН: Се насука товарен брод

Драматично е во Истанбул, затворен е Босфорот откако денеска товарен брод удри во крајбрежјето. 

Се работи за бродот „Сонг Иридум“ кој пловел под знамето на Либерија, а инцидентот се случил додека се приближувал до крајбрежјето во Истанбул. 

Бродот испловил од реката Одеса во Украина и се насукал 25 минути после влегувањето во Босфроскиот мореуз.

Босфор е проток кој ги поврзува Мраморното и Црното Море, a го разделува европскиот дел на Турција (Румелија) од азискиот (Анадолија).  

Нивото на водата во Црно и Средоземно Море во минатото биле многу помали од денеска.

Како резултат на топењето на големите ледени маси и со навлегувањето во самиот Босфор, нивото на водата многу се зголемило.

Под протокот поминува железничкиот тунел „Мармарај“, кој е пуштен во употреба на 29 октомври 2013 година. 

Претходно се случувало поради невреме или студено време Босфорот да биде затворен за сообраќај. 

Слично

Поврзани вести