Економија, финансии, бизнис

Контакт

Босанските власти ќе ги гонат лицата кои го величеле убиецот од Градачац

Босанските власти ќе ги гонат лицата кои го величеле убиецот од Градачац

По убиството во Градачац, во Босна и Херцеговина(БиХ) кое длабоко ја потресе јавноста, а откако злосторството беше објавено на социјалната мрежа Инстаграм, властите решија да преземат соодветни чекори.

Како што најави шефот на Кабинетот на сојузниот министер за внатрешни работи, Ервин Мушиновиќ, надлежниот министер ќе им наложи на надлежните органи да преземат адекватни чекори во гонењето на лицата кои на социјалните мрежи го поддржувале убиецот и ги величеле неговите постапки, пренесува Klix.ba.

Пријави ќе има за оние кои го поддржале убиецот. 

35-годишен маж од босанскиот град Градачац ја убил својата сопруга, а убиството го пренесувал во живо на Инстаграм. При бегството од полицијата убил уште две лица, за на крајот да се самоубие пред полицијата. 

Инаку, Klix.ba oбјави дека човекот е апсен за дилање дрога и за напад на полицијата. 

Во Србија на 3 мај се случи масакр во училиште, а потоа имаше објави на социјалните мрежи каде ученици го величеа 13 годишниот убиец. 

фото принтскрин Инстаграм

Слично

Поврзани вести