Економија, финансии, бизнис

Контакт

Босански воен злосторник почина од коронавирусот

Босански воен злосторник почина од коронавирусот

Босански воен злосторник на 75 години почина од Ковид -19 во Бања Лука. 

Осудениот воен злосторник и првиот српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), Момчило Краишник, ја изгуби битката со вирусот. 

Пред две недели е примен во болница поради пневмонија. 

Заедно со Радован Караџиќ, тој е еден од основачите на Српската демократска партија и прв претседател на тогашното Собрание на српскиот народ на БиХ, кое подоцна стана Национално собрание на Република Српска.

По Дејтонскиот договор и формирањето на тричленото претседателство на БиХ, Краишник стана првиот претставник на Србите во тоа тело.

Во април 2000 година е уапсен и изведен пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг, каде што му се судеше за воени злосторства.

Во првостепената постапка е осуден на 27 години затвор, а во апелационата постапка казната му е намалена на 20 години. 

Краишник е одговорен за злосторства против човештвото - убиства, истребување, политички, расни и верски прогони, депортации и присилно преместување на босански муслимани и Хрвати на пошироко подрачје во БиХ. 

Откако издржа две третини од казната, тој е ослободен од затвор во Велика Британија. Откако се врати во Република Српска, народот го дочека како херој. 

По враќањето во Босна и Херцеговина, тој се вклучи во општествениот живот преку создавањето на организацијата Создавачи на Република Српска.

Краишник е роден и пораснал во Сараево, каде што магистрирал економија.

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа забележани се 293 новозаболени од коронавирус од кои во Федерацијата 235, во Република Српска 57 и еден до Брчко. 

Слично

Поврзани вести