Босански пратеник ставен зад решетки, давал поткуп од 10 илјади евра
Еден босански пратеник денеска беше уапсен при давање поткуп во хотел во Тузла, соопшти Обвинителството на БиХ. Станува збор за пратеник во Парламентот на Федерацијата, а давал поткуп од 20.000 конвертабилни марки (околу 10.000 евра).
По налог на обвинителот од одделението за организиран и стопански криминал и корупција, судот го стави во притвор.
„Пратеникот О.М. е под истрага на Обвинителството и е осомничен за организиран криминал во врска со други кривични дела, меѓу кои и примање поткуп од едно лице поради решавање на работниот статус и вработување“, посочуваат од Обвинителството.
Оттаму тврдат дека оваа акција е порака дека надлежните се подготвени да се пресметаат со организираниот криминал и корупцијата во државата.
„Во таа борба никој нема да биде поштеден“, се додава уште во соопштението.
Слично
