Економија, финансии, бизнис

Контакт

Босански град е најдобро место за живеење по пензионирањето

Босански град е најдобро место за живеење по пензионирањето

Германскотo списание Фокус го избра босанскиот град Требиње како најдобро место за живеење по пензионирањето. 

Германскиот магазин пишува дека Требиње се наоѓа во најјужниот дел на Босна и Херцеговина и e блиску до морето и дека тоа е најмалото место на оваа листа.

Фокус посочува дека градот е историски интересен со католичка катедрала, српски православен манастир и џамија кои ги илустрираат разликите.

Меѓу десетте најдобри места за „златното доба” по Требиње се Анталија во Турција, Мангалор во Индија, Чингдао во Кина, Куенка во Еквадор, Сорокаба во Бразил, Коимбра во Португалија, Великo Трново во Бугарија, Темишвар во Романија и Осиек во Хрватска.

Ова списание ​​ја направи ранг листата споредувајќи 575 градови во светот, а како критериум, меѓу другото, ја зеде безбедноста и квалитетот на здравствената заштита според мислењето на странците кои живеат таму.

Пресметани се и просечната кирија и трошоците за живот во споредба со Берлин, добрата клима, квалитетот на воздухот и колку брзо и без стрес можете да поминете низ градот со автомобил или јавен превоз. 

фото Википедија

Слично

Поврзани вести