Економија, финансии, бизнис

Контакт

Босански џихадисти создаваат структури во Западен Балкан

Босански џихадисти создаваат структури во Западен Балкан

Босански џихадисти кои се враќаат од Ирак и Сирија, создаваат регионални мрежи, кои претставуваат директна закана за земјите од Западен Балкан.

Тоа го предупредува извештајот на организацијата „атланска иницијатива“ со седиште во Сараево. Тие создале врски во Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово, за да ги привлечат во своите редови маргинализираните млади мажи па дури и постари лица.

„Босна, која во 90-тите години беше дестинација за борците од странство, сега се претвора во свратилиште на борците за војната помеѓу народите“, вели авторот на извештајот Владо Азиновик.

Извештајот е подготвен врз основа на разузнавачки податоци како и на податоци и информации од јавен карактер. Вкупно 192 полнолетни и 25 малолетни Босанци до 17-годишна возраст биле во воените зони во Ирак и Сирија од пролетта 2012-та до крајот на 2014-та година. Од нив 156 лица учествувале во борбените дејства, што ги прави Босанците еден од најголемите џихадстички контингенти во Европа.

Над една третина од нив имаат криминални и судски досиеја. Досега во Ирак и Сирија загинале 26 Босански борци.

Слично

Поврзани вести