Економија, финансии, бизнис

Контакт

Босански банкари „заработиле“ над половина милион евра од манипулации со курсната листа

Босански банкари „заработиле“ над половина милион евра од манипулации со курсната листа

Кантоналниот суд во Сараево го потврди обвинението против Хамза Мусиќ, Муамер Ченгиќ и Емир Хашимбеговиќ за кривично дело здружување заради извршување кривични дела во врска со кривичните дела службена злоупотреба и перење пари.

На обвинетите им биле доверени задачите за подготвување, креирање и контрола на дневниот курс за руската Сбербанк БХ Сараево во рамките на Одделот за глобални пазари.

Хамза Мусиќ, како организатор на групата и Муамер Ченгиќ и Емир Хашимбеговиќ како нејзини членови, се обвинети дека манипулирале со девизниот курс со купување на странски валути, потоа внесувале неточни паритети, односно менување на курсот, и вршеле електронска продажба на претходно купени валути.

Со нелегално купување и продажба на девизи, тие ја оштетија Сбербанк БХ и за себе стекнале вкупно 1.082.361,40 конвертибилни марки (553.000 евра): 

Поради прикривање на потеклото и движењето на парите кои потекнуваат од нелегалната конверзија на девизи, продолжиле да располагаат со нив - правеле трансфери од една на друга сметка, користејќи ги парите за набавка на автомобили, недвижен имот и странски валути, затворање - отплата на лични долгови за платежни и кредитни картички и подигање готовина од сметки..

Од судот од нив е побарано да ја вратат истата сума на пари кон АСА Банка Сараево, како правен наследник на Сбербанк БХ и на Триглав Осигурување.

Ќе се сосолушуваат вештаци,14 сведоци и ќе има увид на 500 материјални докази во главниот претрес.


Слично

Поврзани вести