Економија, финансии, бизнис

Контакт

Босанка си ја побарала платата пред да даде отказ, по што газдата на хотелот ја претепал

Босанка си ја побарала платата пред да даде отказ, по што газдата на хотелот ја претепал

Вработена во хотел во Босна и Херцеговина(БиХ) си ја побарала последната плата пред да даде отказ, a сопственикот ја нападнал. 

Повеќе здруженија од Мостар, Јабланица и Сараево најавија масовни протести во Јабланица. Протестите се одржуваат во знак на поддршка за Ениса Клепо, вработена во хотелот „Јабланица“. Сопственикот на хотелот Амир Џафиќ ја нападнал откако ја побарала последната плата. Протестот е и во знак на поддршка за сите жени кои се жртви на насилство, пишува Кликс.

Клепо си ја побарала последната плата бидејќи планирала да даде отказ од работа, но наместо да ѝ биде исплатена, добила ќотек. Од тепањето девојката се здобила со повреди на главата. Вчера имаше реки народ на улиците на Јабланица, за поддршка на 27 годишната жена. Жената претходно објасни дека сопственикот на хотелот ја одвлечкал во делот каде нема камери, ја тепал со тупаници и на навредувал дека е клошарка. Според полицскиот извештај, газдата на хотелот е приведен. 

Слично

Поврзани вести