Економија, финансии, бизнис

Контакт

Босанец се разнесе со бомба и ја повреди сопругата

Босанец се разнесе со бомба и ја повреди сопругата

Маж во босанскиот град Тузла се разнесе со бомба, тешко ја повреди сопругата, а во куќата била и ќерката. 

Тој загинал на лице место, а сопругата се здобила со тешки телесни повреди. Ќерката не е повредена при експлозијата. Инцидентот се случил во населбата Молуки.

Портпаролот на полициската управа на МУП на кантонот Тузла, Аднана Спречиќ, изјави дека околу 7:55 часот утринава од Оперативниот центар го известиле дека Експлозивна направа е активирана на подот од куќа во населбата Молуки во Тузла.

„Веднаш се испратени полициска патрола од ПС Запад, полициски службеници од Специјалната единица за поддршка, Итна медицинска помош на Здравствен дом Тузла, како и полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција на СВТ Тузла и Одделот за криминалистичка техника и К.Д.З. на местото на настанот“, рече Спречиќ.

Таа вели дека поради сомневањата дека на местото на настанот има повеќе експлозивни направи увидот се прави темелно. Повредената жена е пренесена во Универзитетскиот клинички центар во Тузла. По масакрите во Србија, месецов имаше серија инциденти со насилство во регионот. 

Вчера во Рума, младо момче пукаше со ракетен фрлач. 

foto RTVTK

Слично

Поврзани вести