Ова го има само на Балканот: Босанец превезувал мигранти преправајќи ги во музичари
Скоро три години Босанец превезувал мигранти со своето комбе. Не успеале да го фатат и соодветно да го казнат.
Тој на уникатен начин ги превезувал мигрантите. Им облекувал кошули со иста боја и им давал на мигрантите по еден инструмент в рака, ги правел музичари.Откако полицијата ќе видела дека се музичари ги пуштала да си продолжат по пат.
Се така додека една вечер не паднал во раце на полицаец кој посакал да му отсвират нешто.
Душата му посакала песна, им побарал да му ја отсвират„Севдалинка“.
Мигрантите се погледнале, превезувачот поцрвенел а полицаецот сфатил дека не станува збор за музичари.
Слично
