Економија, финансии, бизнис

Контакт

Босанците блокираа автопат и улици, протести и во Црна Гора

Босанците блокираа автопат и улици, протести и во Црна Гора

Протестот против високите цени на горивата во Србија се префрли и во БиХ и Црна Гора, со тоа што во едната земја имаше сопирање на автомобилите, додека во другата само вербално изразување на незадоволството на собири.

За време на протестите во БиХ беше блокиран патот М 17, а во исто време беа блокирани улици во Сараево, Тузла, Бања Лука и други градови. Протестите се одржаа и во неколку градови во Црна Гора, но немаше застој во сообраќајот.

Поради третото зголемување на цените на горивата оваа година во БиХ, возачите ги запреа автомобилите еден час. Тие рекоа дека прифатлива цена за нив е 1,50 до 1.70 КМ за литар.

Викендов, возачите низ Србија на ист начин го изразија револтот од поскапувањето.



Слично

Поврзани вести