Борут Пахор: Верувам дека Словенија и Хрватска ќе најдат решение за Љубљанска банка
Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска изрази уверување дека Словенија и Хрватска ќе најдат решение за спорот околу Љубљанска банка, додавајќи дека однапред се радува на членството на Хрватска во ЕУ.
„Верувам дека владите ќе најдат соодветни решенија за да може словенечкиот Парламент со потребното двотретинско мнозинство да го ратификува хрватскиот пристапен договор“, истакна Пахор.
Словенечкиот претседател посочи дека и како членки на ЕУ, Словенија и Хрватска уште поуспешно ќе го продолжат процесот на пријателство и меѓусебна соработка.
Слично
