Борут Пахор: Ваквата статус-кво ситуација не е добра за Македонија
Статус-кво ситуацијата со проблемот со името и приближувањето на Македонија кон Европската унија фактички значи назадување, изјави словенечкиот претседател Борут Пахор. Тој се понуди да посредува во македонско- грчкиот спор, а посочи и дека е потребно земјава да покаже гест со кој ќе ја увери меѓународната заедница дека е има иницијатива.
„Јас сум искрен пријател на Македонија, но морам да кажам, тоа е реална политика, дека колку и да се чуствува Македонија оти е во неправедна положба, пред се поради најзините стратешки цели мора да се направи некакво гест кој ќе и понуди на меѓународната заедница чуство дека е конкретно и ќе ја присили меѓународната заедница да одговори на тоа, бидејќи ваквиот статус-кво не е добар“, рече Пахор.
Според него, оставањето на Македонија надвор од интеграциските процеси не е добро ни за земјата, ниту за Унијата.
„Потребно е да се најде добра политичка волја кај Европската унија, кај Македонија и кај нејзините соседи да се најде излез од ваквата ситуација“, рече претседателот.
Заедно со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, во кругот на Скопски саем симболично ја промовираа Словенија како домаќин на септемвриското Европското кошаркарско првенство во септември.
Словенечкиот претседател денеска се сретна и со претседателот на собранието Велјановски Трајко Вељаноски, како и со премиерот Никола Груевски. Ова беше негова прва официјална посета на Македонија.
Слично
