Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борово Скопје останува без имот

Борово Скопје останува без имот
По година дена борбата за судбината на компанијата Борово Скопје, која ги собира продавниците на Борово во Македонија, се наоѓа на самиот крај, пренесуваат хрватските медиуми. Основниот суд во Скопје, на 13. декември 2013 година донесе решение со кое е одобрен план за реорганизација на компанијата Борово Скопје. „Тој план всушност значи план за стечај кој го подготви стечајниот управник на Борово Скопје, Симон Михајловски. Со планот е предвидено, новоформираното друштво да има право да поведе постапка за иселување на сите правни и физички лица од просторот на Борово во сите објекти на територија на Македонија“ - вели еден од вработените во Борово во Македонија, Васко Димовски кој веќе неколку години укажува на овој проблем со цел некако да се реши. Димовски вели дека на територијата на оваа некогашна југословенска република, Борово до 1991 година располагал со 36 продавници во кои работеле 120 работници. Инаку, својот имот на територија на Македонија, и покрај сите обиди, Борово не го контролира од 1991 година. Ист е случајот и со неговиот името во Србија и дел од БиХ.  
Слично

Поврзани вести