Боровец идеален семеен центар за скијање според британски медиуми!
Секогаш земајте ги часовите по скијање, кои ви се нудат во зимските одморалишта. Нема подобро место да се научите да се симнувате по патеките од Боровец, Бугарија. Ова го пишува во свој материјал британскиот весник „Дејли мирор“.
Најевтиниот и забавен центар не е многу скап за туристите, не колку одморалишта во Италија и Франција, па затоа е добро место за семеен ски одмор, тврди весникот.
Центарот не е погоден за скијачи, кои постојано бараат нови предизвици. За 2-3 дена ќе успеете да пројдете преку сите негови писти, со должина од 58 км. Четирите пократки писти сепак може да се класифицираат со ниво на тешкотија „црвено“, односно умерено тешки, но и црвеното не е толку страшно, вели авторот на текстот Ален Палмер.
Според советите на ски учителот Иван Перниклиев, цитиран во материјалот, најдобро време за посета на Боровец е во март, кога има многу снег и небото над планината е сино.
Палмер раскажува детали за ски лекциите, како и за местата во одморалиштето. „Местата за одмор, храна и пијалоци на падините се во изобилство, и се значително поевтини отколку каде и да било во Алпите. Во едно од местата ручекот чини 22 лева (8,5 фунти) и вклучува две полни чинии со пилешка супа, леб и две чаши пиво.
Британецот го забележува и барот во хотелот, каде успеал да пие пиво Гинис за 2,50 фунти.
Не ги пропуштил и можностите за ноќно возење на патеките, баровите и ноќниот живот, можностите за забава по патеките како возење на моторни санки и дури спа услугите во хотелот.
Тој потсетува на критики од туристи, според кои престојот таму може да изгледа како „Содома и Гомора“, но сепак ги советува оние кои одлучуваат да го изберат Боровец за одморот, да се концентрираат на позитивните искуства и моменти, а не на негативните.
Кое е вашето искуство од овој центар за скијање доколку го имате посетено? Споделете го со нас!
