Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боркица Груевска стана магистер

Боркица Груевска стана магистер

Сопругата на премиерот на Македонија, Боркица Груевска пред неколку дена ја одбранила магистерската теза и стана магистер.

Во четвртокот на Филозофскиот факултет, таа го одбранила трудот, во попладневните часови и со малку публика.

Боркица Груевска пријавила магистерски труд „Современ пристап во менаџирањето со човечките ресурси во јавната администрација“ на Филозофскиот факултет во Скопје кај проф. д-р Трајан Гоцевски на 28 јануари 2014 година.

Деканот на Филозофскиот факултет Горан Ајдински за Плусинфо потврдува дека Груевска магистирала минатата недела и вели дека одбраната на нејзиниот магистерски труд бил според процедурата што важи за сите други кандидати.

Слично

Поврзани вести