Борјан Јовановски – уредникот на НОВА се соочува со закани по живот?
Вечерва непознато лице дошло во семејната куќа на новинарот и уредник на НОВА Борјан Јовановски и на неговата сопруга и оставило мртовечки венец со натпис „последен поздрав“ велејќи дека „поздравот„ е од Тодор Александров. Дома биле и малолетните деца на Јовановски, пренесува НОВА. Како што пишува горе наведениот медиум сопругата на Јовановски настанот го пријавила во полицијата, а во моментов се очекува истите да пристигнат и да направат увид. Борјан Јовановски е мета на долгогодишно вербално насилство од страна на медиуми и новинари кои важат за блиски до владејачката партија. Вербални напади на адреса на Јовановски пристигале дури и од високи државни функционери.
Слично
