Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борисов во Србија издејствува град да носи и бугарско име

Борисов во Србија издејствува град да носи и бугарско име

Бугарскиот премиер Бојко Борисов при денешното гостување во Србија и средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека издејствувал српскиот град Димитровград да го носи и бугарското име Цариброд. Ќе биде признаена двојазичноста и на српски ќе остане Димитровград, а на бугарски ќе се води како Цариброд.

- Радосен сум што за прв пат од 1951 година на таблите, патните знаци и личните документи името на градот ќе го носи и бугарскиот назив  од сега и како официјален. Им честитам на Бугарите од двете страни на границата - напиша Борисов на својот профил на Фејсбук.

Тој во Белград денеска од Вучиж ја прими највисокото признание „Орден на Република Србија“ за заслуги за воспоставување добри односи помеѓу двете земји.


Слично

Поврзани вести