Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борисов се пофали со новите локомотиви - за десет набавени Бугарија ќе плати 28 милиони евра

Борисов се пофали со новите локомотиви - за десет набавени Бугарија ќе плати 28 милиони евра

Бугарскиот премиер Бојко Борисов се пофали со новите локомотиови.

„Веќе имаме исклучително моќни, брзи, економични, најдобри локомотиви во светот. За 10 години плативме речиси милијарда лева долгови на БДЖ и продолжуваме со реновирање на пругата“. 

Ова го изјави премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, кој на самото место ги испита новите електрични локомотиви за потребите на БДЖ-патнички транспорт, пренесува Бгнес.

Три од вкупно 10 ново произведени магистрални локомотиви веќе пристигнаа во Бугарија. Нивната вкупна вредност е 55.544.816 лева (27,7 милиони евра), а остатокот се очекува во таа земја до крајот на мај. Во цената е вклучена техничка поддршка и сите потребни резервни делови и потрошен материјал за период од 3 години. Компанијата дополнително се согласи за испорака на уште 5 нови локомотиви во вредност од 27.166.100,75 лева, кои се очекува да пристигнат до крајот на годината, потсети владината прес-служба.

Борисов се запозна на самото место со техничките можности на новата генерација на локомотиви, кои имаат интернет, видео надзор, системи за безбедност и ја одржуваат брзината поставена од возачот. Во исто време, БДЖ ја продолжува имплементацијата на својата програма за рециклирање на 15 вагони во бугарските фабрики, што ги поддржува нивните активности во комплицираната пандемска ситуација. Вагоните ќе бидат целосно обновени, модернизирани, климатизирани и ќе опслужуваат главни возови на релација меѓу Софија-Бургас и Софија-Варна заедно со новите локомотиви.

„Така, луѓето удобно ќе патуваат до Варна и Бургас и ќе ги користат сите удобности“, нагласи Борисов.

Новите локомотиви се двојно помоќни и истовремено поефикасни за енергија за околу 20 отсто. Тие развиваат брзина од 160 км на час. Машините се исклучително удобни за возачите и се целосно прилагодени на новите системи за безбедност и контрола на сообраќајот.

Слично

Поврзани вести