Борисов по телефон му го честиташе реизборот на Заев, но му рекол и да не се одложува решението за спорот
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, разговараше на телефон со шефот на македонската Влада, Зоран Заев, за да му го честита реизборот како претседател на СДСМ.
„Му честитав за реизборот за претседател на неговата партија, и тој ми посака успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија“, напиша Бориосв на Фејсбук.
Тој вели дека му порачал на Заев да не се одложува решавањето на спорот кој го имаат двете земји.
„Двајцата се усогласивме дека решенија што ние мора да ги превземеме во духот на Договорот за добрососедство и пријателство, не бива да се одложуваат, како во името на нашата заедничка историја, така и во името на нашата заедничка Европска иднина “, објави Борисов.
Слично
