Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борисов: Не очекувам изненадувања од Турција, проблемот е Грција

Борисов: Не очекувам изненадувања од Турција, проблемот е Грција
На бугарско-турската граница во моментов притисокот е мал, забележа бугарскиот премиер, Бојко Борисов. Главната закана доаѓа  од  грчката граница. Таа е многу долга, не е безбедна и неколку месеци грчката влада не презема мерки, смета Борисов. Тој истакна дека со оглед на договорот меѓу Европската унија и Турција, не очекува изненадувања од југоисточниот  сосед. „Констатацијата ме е дека во една сиромашна Македонија бегалските кампови  се  со многу добри услови. Додека во Грција, која зема милиони евра , не можат да земат ништо и во нивните кампови условите се всушност ужасни "- изјави Борисов. Бугарија со законски решенија ќе се бори против тероризмот.
Слично

Поврзани вести