Борисов: Ќе испратам заштитна облека за браќата од Македонија
Ќе испратиме стотина парчиња заштитна облека за нашите браќа од Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов, пренесува БГНЕС.
„Многу е лесно да им кажувате дека ни се браќа, но кога ќе видите дека луѓето умираат, тогаш мора да дејствувате. Нарачав денес да бидат испратени сто заштитни зкафандери за медицинските работници од првите борбени редови во Македонија “, рече Борисов.
Премиерот рече дека во моментов нема лек во светот за лекување на коронавирус.но дека во Бугарија нема ниту еден пациент кој не бил лекуван, а покрај тоа, државата им помага и на други земји.
Македонија вчера ја надмина Бугарија по број на заболени од корона вирусот. Во Бугарија до вчера имаше 522, а во Македонија бројката е 555. Меѓу заразените од коронавирусот има 52 лекари.
