БОРИСОВ КАЖА КОЛКУ ЧИНАТ: Се одржуваат најскапите избори во Бугарија
Се одржуваат најскапите парламентарни избори во Бугарија, и тие чинат 75 милиони евра.
Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, претпладнево го даде својот глас на парламентарните избори, гласајќи во Банки, во близина на Софија, информира дописникот на МИА од Софија. Ова се први избори на кои медиумите во земјава не знаеја кога Борисов ќе гласа, па поради тоа немаше новинари околу него, а неговото гласање само беше покажано на Фејсбук. По гласањето, тој замина за манастирот Дивотин.
Борисов коментира дека партијата што ја предводел во кампањата не навреди никого и ја водеше најтолерантната изборна кампања. Првите податоци за гласањето се очекуваат во 20 часот по локално време по завршувањето на изборниот ден во земјата.Засега нема информации за кршење на изборниот процес во Бугарија.
Слично
