Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борисов ја убедувал Меркел да и помогне на Македонија, сакал да бидеме стабилна држава

Борисов ја убедувал Меркел да и помогне на Македонија, сакал да бидеме стабилна држава

Mногу сакам Република Македонија како држава да е стабилна, нашиот сосед да е стабилен. Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по разговорите во Берлин со германскиот канцелар Ангела Меркел. 

„За време на разговорите со Меркел станало збор и за Македонија . 

Вие видовте дека како настана бојот во парламентот, без никој да ги тера и ем јас бев во опозиција тогаш, никој не бев, во текот на ноќта ми се јавија и тројцата - и Зоран Заев, и Никола Груевски, и претседателот Ѓорге Иванов. Бидејќи тие се убедени дека не само сум добар човек, но и всушност многу сакам Македонија како држава да е стабилна, нашиот сосед да е стабилен“, вели Борис за Дојче веле и додава: „Зашто почнува да ни доаѓа во повеќе - од едната страна е Крим, од другата - Турција, Грција се тресе секој ден, во Македонија видовме што се случи“. 

„Затоа ја убедив и канцеларката Меркел, и останатите, дека треба да им се помага, важни се за нас, треба да и дадеме шанса на новата влада и, се разбира, да продолжиме и разговорите со Груевски, кој, пак, е од семејството на ЕПП. Односно , и Македонија треба да го помине нашиот пат. Без разлика колку остри сите сме биле, тоа никогаш не ни е донело резултат, обединување ја прави силата. Консензусот ја дава силата на нацијата“, рекол уште Борисов, пренесоа медиумите од соседството.

Слично

Поврзани вести