Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борисов е повикан на распит, тврди дека не поседува златни прачки

Борисов е повикан на распит, тврди дека не поседува златни прачки

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, денеска е повикан на распит во Генералниот директорат на Националната полиција за поседување на златни прачки, објавија бугарските медиуми. 

 „Никогаш не сум поседувал ниту сум купувал златни прачки“, додаде тој.

Според бугарските медиуми, Борисов е повикан за да се проверат информациите кои ги објави Граѓанското движење БОЕЦ, откако се појавија фотографии од пари и златни прачки, наводно направени додека Борисов ја користел владината резиденција во Бојана.

„Не поседував шипки, не купив, не поседував ништо… Сите нѐ повикаа на распит преку телефон. Додека не паднат, нека биде“, рече поранешниот премиер.

На распит денеска е повикана и портпаролката на Борисов, Севдалина Арнаудова, како и нејзиниот сопруг.

Слично

Поврзани вести