Борисов: Договорот од Преспа овозможува Скопје наскоро да се приклучи кон НАТО
Се радувам што можам да ја поздравам денешната ратификација на Договорот од Преспа кој овозможува Скопје наскоро да се приклучи кон НАТО и отвора нова страница во односите со Европската Унија, па ќе можат скоро да почнат преговори за членство, напиша бугарскиот премиер, Бојко Борисов на Фејсбук.
„Напорите кои ги вложивме за време на нашето претседателство и потоа за да им помогнеме на државите од Западен Балкан, вклучувајќи ги и пријателите од Скопје, денес ги даваат своите резултати. Ќе продолжиме да ги поддржуваме како и досега”, напиша Борисов на Фејсбук.
Честитки стигнаа од повеќе земји и челници на ЕУ.
Слично
