Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борисов денеска има негативен тест, ама е во изолација

Борисов денеска има негативен тест, ама е во изолација

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов е во самоизолација откако имал контакт со заболено лице, објавил самиот на фејсбук.

Борисов се тестирал денес пред средбата во Софија со Кеј Крач, членот на американскиот Стејт Департмент за економски раст, енергија и животна средина и тестот бил негативен. Сепак подоцна во текот на денот односно околу 16 часот бил информиран од заменик министерот за  градежништво Николај Нанков дека има позитивен на тестот поради што премиерот ќе остане дома додека здравствените работници не проценат дека е безбедно да излезе од карантин.

„Чекам инструкции од здравствените работници и до тогаш ќе бидам во самоизолација. Последниот контакт со Нанков го имав во понеделник“, напиша Борисов на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести