Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борисов: Даноци за Бугарските туристи во Грција? Апсолутна лага!

Борисов: Даноци за Бугарските туристи во Грција? Апсолутна лага!

„Апсолутна лага се тврдењата дистрибуирани од грчките медиуми дека размислуваме за воведување на такси за Бугарите, туристи во Грција. Оваа тема воопшто не е дискутирана на Советот во ниеден формат“, изјавил премиерот на Бугарија Бојко Борисов пред бугарските новинари во Брисел. Ова го соопшти прес-центарот на Министерскиот совет.

Претходно денеска грчкиот сајт „Greek reporter“ напиша дека бугарскиот премиер Бојко Борисов и се заканил на Грција со реципрочни мерки ако грчкиот парламент одобри наметнување на нов превентивен данок. Предлогот е поднесен од кабинетот на „СИРИЗА“ и „Независните Грци“ за данок од 26% на сите трансакции на грчките компании со нивните партнери, чии седишта се наоѓаат во земјите со релаксиран даночен режими.

Според изворите на кои се повикуваат од грчкото електронско економско издание „Euro2day.gr“, доцна синоќа Борисов му изјавил на грчки министер дека ако Атина го воведе предметниот данок, Софија исто така ќе треба да воведе дополнителен данок на сите Бугари, кои ја посетуваат Грција и на цел туризам, како и на грчките стоки кои се увезуваат во Бугарија.

Слично

Поврзани вести