Борисов: Членството во НАТО ќе придонесе за развој на нашите братски односи
Бојко Борисов, премиерот на Бугарија, го честиташе вчерашното официјално зачленување на Македонија во НАТО со порака да продолжат реформите во земјата и да се зацврстат односите помеѓу двата соседи.
„Од денес, Република Северна Македонија е триесетта земја членка на НАТО. Им честитам на нашите соседи за пристапувањето во Северноатлантскиот договор и со нетрпение очекувам да продолжат внатрешните реформи во земјата. Потребни се дополнителни резултати за зајакнување на владеењето на правото, слободата на медиумите, реформа на безбедносниот сектор и усогласување на вооружените сили со стандардите на НАТО.
Се надеваме дека заедничката активност меѓу нашите вооружени сили во рамките на НАТО ќе придонесе и за развој на одбранбени способности и интероперабилност и за развој на братски односи меѓу нашите две земји“, порача Борисов.
