Борис Трајанов ќе добие статус национален уметник и пензија од 60.000 денари
Претседателот Ѓорге Иванов денеска треба да му ја додели титулата национален уметник на Република Македонија на оперскиот певец Борис Трајанов.
Со титулата, Трајанов ќе добие и доживотна државна пензија од 60.000 денари месечно. Досега оваа титула ја носат пејачката Есма Реџепова-Теодосиевска, пијанистот Симон Трпчевски и режисерот Милчо Манчевски.
Признанието се доделува согласно Законот за национален уметник на Република Македонија.
Слично
