Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борисов се изборил за 120 милиони евра за автопатот Скопје-Софија

Борисов се изборил за 120 милиони евра за автопатот Скопје-Софија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека успеал да издејствува 120 милиони евра од Европа за Македонија, за автопат Скопје-Софија. Тој тврди ги убеди Меркел и Јункер дека тој автопат е од животно значење за Западен Балкан и за сигурноста во регионот.

- Зборував со Меркел и со Јункер и тие ми ветија пари за Македонија и за нас, за да се изгради автопат од Скопје до Софија, што отсекогаш беше приоритет. Зоран Заев ме замоли да се заложам за тоа, што го потврдува фактот дека сум приемчив за сите соседи како лидери на Балканот. Успеав да ги убедам Меркел и Јункер дека тој автопат е од животно значење за Западен Балкан и за сигурноста во регионот и дека со тоа уште еднаш ќе им докажеме на сите дека Европа е едно семејство во кое сите се еднакви. Приоритетите на бугарското европско претседавање вистински се оценува од сите во Европа и тие ни помагаат да се развие Балканот - вели Борисов. 

Овој договор бугарскиот премиер Борисов го постигнал за време на неговиот престој во Давос на Светскиот економски форум.

Слично

Поврзани вести