Борис Кондарко поднесе оставка
Борис Кондарко, претседателот на Државната изборна комисија денеска поднесе оставка, како што наведува во пишаната изјава, поради лични причини.
- Сметам дека дадов свој придонес во работата на Државната изборна комисија, а оставката ја поднесувам заради лични причини, посочува Кондарко во пишаната изјава.
Борис Кондарко е претседател на ДИК на предлог на опозициската СДСМ. Пред два дена оттаму најавија дека тој најверојатно ќе поднесе оставка од лични причини.
Се очекува СДСМ со повеќе информации во врска со претседателското место на ДИК да соопшти на прес-конференција попладнево.
Слично
