Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борис Ефтимовски: Ако сака сите да чујат за „бомбата“, Заев мора да делува неконвенционално!

Борис Ефтимовски: Ако сака сите да чујат за „бомбата“, Заев мора да делува неконвенционално!
Борис Ефтимовски е консултант за политички маркетинг, во интервју за Фактор потенцира дека дури и најгенијалната идеја или најефикасното средство ќе биде сосема бескорисно доколку информацијата не стигне до мнозинството граѓани и во погоден момент. Во случај кога немате пристап до класичните медиуми потребно е да се применуваат неконвецнионални методи со кои дел по дел би ја освојувале јавноста доведувајќи до ситуација во која класичните медиуми веќе нема да можат да ве игнорираат, вели Ефтимовски. Фактор Како човек со искуство во маркетингот, кој во моментов подобро ја води маркетиншката политичка битка, Груевски или Заев? Секако дека не постои едноставен одговор на тоа прашање од проста причина што ние на увид ги немаме скриените адути на главните протагонисти, така што од страна не можеме со сигурност да направиме целосно точна проценка кој како ја спроведува својата стратегија. Од она што може да се види во  моментов, она што би рекле е ‘на бина’, очигледно политичкиот маркетинг на Заев не може да му парира на оној кој го има Груевски. Луѓето кој го водат политичкиот маркетинг во таборот на Груевски се’ поагресивно го освојуваат медиумскиот простор и изнаоѓаат начини како да се наметнат во јавноста со своите видувања за случајот. Очигледно, не заборавиле на психолошката димензија на јавното мислење кое, како и личното, е обоено со сопствената желба. Фактор Сметате ли дека Заев погреши, или пак беше наивен што калкулираше со објавувањето на бомбите? Во политичкиот маркетинг потребно е да се направи разлика помеѓу стратегијата и тактиката. Под стратегија се разбира долгорочно планирање, додека пак тактиката повеќе е насочена кон акција која треба да биде ефикасна и краткотрајна. Стратегиските решенија го одредуваат правецот на водење на одредени активности, притоа мора да се имаат во предвид можните потези на спротивниот табор и времето кое му се остава за градење негова стратегија. Значи се’ зависи од способноста на луѓето кои се задолжени за водење на политичкиот маркетинг. Во конкретниот случај, дали Заев погреши или не зависи од стратегијата која тој и неговиот тим ја имаат разработено. Фактор Со оние инструменти кои му се на располагање што би му препорачале на лидерот на опозицијата? Доколку навистина поседува аргументи за некои дејствија или случувања, тие ќе треба да се изнесат во јавност, затоа што настаните што се од значителна важност често можат да го свртат јавното мислење од една во друга крајност. Со еден збор, настаните влијаат на мислењето, а не зборовите. Лидерот на опозицијата во неколку наврати најави дека информациите кои ги поседува се сензитивни за безбедноста и стабилноста на државата, па отаму би му препорачал да биде исклучително внимателен во нивното изнесување и при секој нареден чекор во прв план да ја има државната а потоа партиската агенда. Фактор Опозицијата има малку медиуми каде може да се обрати, освен на интернетот речиси да ја нема во класичните медиуми, каква стратегија се одбира во една ваква ситуација? Маркетиншките експерти препорачуваат герила маркетинг, но што би било тоа во политичкиот речник? Дури и најгенијалната идеја или најефикасното средство ќе биде сосема бескорисно доколку информацијата не стигне до мнозинството граѓани и во погоден момент. Со еден збор, односите со јавноста, т.е. насочените комуникации претставуваат обид, со помош на информациите, убедувањето и прилагодувањето да се добие поддршка во јавноста за некоја активност, идеја или движење. Во случај кога немате пристап до класичните медиуми потребно е да се применуваат неконвецнионални методи со кои дел по дел би ја освојувале јавноста доведувајќи до ситуација во која класичните медиуми веќе нема да можат да ве игнорираат. Фактор Каква политичка разврска очекувате? Во овој момент, со информациите кои се на располагање, не може да се даде конкретен одговори на ова прашање, но сигурно е дека начинот на кој ќе го прктикуваат политичкиот маркетинг и двете страни ќе има голем удел во тоа чие видување за настанот ќе биде прифатено од мнозинството граѓани, што ќе биде употребено и во евентуалните предвремени парламентарни избори.
Слично

Поврзани вести