Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борел не се откажува да најде компромис меѓу Белград и Приштина

Борел не се откажува да најде компромис меѓу Белград и Приштина

Немаме договор, но тоа не е крајот на приказната, изјави  високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Аљбин Курти, во Брисел. 

Кажа дека двете страни се согласија дека процесот мора да продолжи и разговорот ќе продолжи во наредните денови, бидејќи до 1 септември има уште време, тој не се откажува.  До 1 септември е одложена одлуката на Приштина за пререгистрација на возила и лични документи, има уште време и тој нема да се откаже од барањето решение.

Поранешниот американски претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина – Ричард Гренел потсети дека Албин Курти ја отфрлил секоја идеја предложена од Соединетите Американски Држави.

„Да ве потсетам, Курти ја отфрли секоја идеја предложена на Косово од американските претседатели. И демократска и републиканска“, напиша Гренел на Твитер.

Вучиќ не даде изјава по средбата. 

Слично

Поврзани вести