Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борел: Kосовските Срби веднаш да ги отстранат барикадите

Борел: Kосовските Срби веднаш да ги отстранат барикадите

ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС, косовските Срби веднаш да ги отстранат барикадите, вели шефот на европската дипломатија, Жореп Борел. 

„Мирот мора да се врати. ЕУЛЕКС ќе продолжи да се координира со косовските власти и КФОР. Сите актери мора да избегнат ескалација“, напиша Борел на Твитер

Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ ги повика сите страни во актуелната ситуација на северот на Косово на мир и воздржаност. Тој рече луѓето да бидат мирни, затоа што се работи за измислени обвиненија. 

Во Приштина, како што соопштија од кабинетот на премиерот Албин Курти денеска ќе заседава Советот за безбедност на Косово.

Косовските Срби вчера почнаа да поставуваат барикади откако вчера косовските власти го уапсија Дејан Пантиќ, поранешен припадник на косовската полиција.

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија е посветена на мирот и стабилноста и дека „ќе победи мирот, а не Курти“, јави дописникот на МИА од Белград.

Нема нови преговори, ниту признавање на Косово, вели српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

Ветераните на ОВК реагираа на најавите дека Србија испраќа војници на Косово и велат дека ако тоа се случи ќе има војна. 

Косовски специјалци упаднале во објект кај браната Газивода. 

фото Твитер

Слично

Поврзани вести