Борел кажа колку и зошто Русија е важна за ЕУ
Високиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел вели дека просперитетот на ЕУ зависи од Кина и Русија, додека безбедноста е препуштена на САД.
Како што пренесува Раша тудеј, изјавата ја дал во време кога скокаат цените на енергенсите и обиди за ограничување на руската нафта и гас како дел од санкциите поради конфликтот во Украина.
Тој додаде дека 27-члениот блок премногу се потпира на трговијата со Кина, како и на кинеските инвестиции и „евтината стока“.
„Мислам дека кинеските работници со нивните ниски плати направија многу подобро и многу повеќе за да ја зауздаат инфлацијата отколку сите централни банки заедно“, тврди Борел.
Вели дека денес мораат да најдат нови начини за енергија од рамките на Европската унија.
Европските земји преземаа мерки за штедење. Ќе штедат електрична енергија, но и греење.
Слично
