Борел е загрижен за Балканот, особено за БиХ каде има подривање на единството
Ситуацијата на Балканот не е добра, a во БиХ има тенденции за подривање на единството, вели високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.
„Во текот на седницата ќе разговараме и за ситуацијата на Западен Балкан, пред сѐ за БиХ. Постојат тенденции кои го подриваат единството на оваа држава и го нарушуваат нејзиниот пат кон ЕУ . Исто така, ќе разговараме за дијалогот меѓу Приштина и Белград, но и општо за овој регион. Ситуацијата на Западен Балкан не е добра“, додаде тој.
Борел изјави дека сакаат првата меѓувладина конференција со Албанија и Македонија да се одржи што е можно поскоро, изразувајќи надеж дека тоа ќе биде за време на ова претседателство на ЕУ до крајот на оваа година.
Слично
