Борче Христафов, Усје: во 2014 ќе падне изградбата на станбени и деловни објекти!
Борче Христафов, генерален директор на Цементарница „Усје“, за Фактор вели оти очекува пад на изградбата на станбени и деловни објекти во оваа година, но сепак градежниот сектор ќе биде во фокусот на најавените инфраструктурни проекти од страна на владата.
Фактор: Како ја оценувате 2013 година ?
Христафов: „Имавме песимистички прогнози за 2013 година, плашејќи се дека може да ни се повтори падот што поради кризата го почуствувавме во претходната година. Сепак, кога годината веќе измина можам да кажам, а и бројките тоа ќе го покажат, дека, благодарение на некои посериозни проекти што се случуваа, 2013 година нашата компанија ќе ја заврши подобро од претходната година. Ако ги анализараме годините, би истакнал дека во 2012 година, Цементарница Усје, имаше голем пад и многу силно ја почувствувавме кризата. А, резултатите од 2011 година покажуваат дека тоа беше исклучително добра година за нашата компанија. Година во која постигнавме можеби и најдобри резултати од постоењето на компанијата”
Фактор: Кои се очекувањата за 2014 година?
Христафов: За оваа 2014 година прогнозите за нашата компанија повторно ни се помалку песимистички. Тоа произлегува оттаму што ние ги следиме трендовите и случувањата. Како податок врз кој го темелиме овој наш став ќе го наведам фактот дека бројот на издадени градежни дозволи во изминатиот период драстично се намалува. Тоа значи дека и очекувањата за изградба на станбени и деловни обејкти се многу помали. А бидејќи ние сме директно поврзани со тој сектор, практично тоа ни кажува дека и нашето произвдотсво ќе бидат помало. Сепак со внимание ги следиме трендовите и најавите за големи проекти од страна на владата, кои пак најверојатно ќе придонесат да се намали падот кој веќе го забележуваме во последните месеци од 2013 година и дека тие големи проекти ќе придонесат да се намали тој губиток.
Слично
