Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борче Давитковски се повлекува од деканската функција на Правен Факултет

Борче Давитковски се повлекува од деканската функција на Правен Факултет

Борче Давитковски, деканот на  правниот факултет „Јустинијан први“ се повлекува од функцијата.

За НОВА , деканот вели дека со месеци се соочува со притисоци и инспекции на  факултетот а последниот скандал ја прелил чашата кога  Инспекторатот побарал од него да им даде откази на професорите Добринка Тасковска, Димитар Гелев и Томислав Гроздановски, односно нивните избори за редовни професори да ги поништи.

Тие ги преиспитувале нивните рецензии и потоа бараче од него да потпиша откази, инсистирале да бидат поништени. Тие рецензии се поминати пред многу години и на Научно-наставнички совет и на универзитетски Сенат, вели деканот, при тоа образложува дека  притисоците врз правниот факултет траат со години, а тие притисоци вклучувале и политички притисок за вработување на лица блиски до власта итн, пренесува НОВА. Професорот Димитар Гелев во јавноста е познат како критички настроен кон состојбите во општеството и е еден од гласните критичари на политиките во високото образование.

Ректорот  Велимир Стојковски ја добил оставката и доколку ја прифати следува назначување на вршител на должност.

Слично

Поврзани вести